НАЈНОВА ВЕСТ: Јавното обвинителство Скопје побарало од турските власти да се обезбеди комплетен дактилоскопски и ДНК материјал од Љупчо Палевски – Палчо

Јавното обвинителство Скопје побарало од турските власти да се обезбеди комплетен дактилоскопски и ДНК материјал од Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, велат оттаму за „Слободен печат“.

Ваквото барање од ЈО Скопје било упатено преку каналите за меѓународна соработка веднаш откако Палевски беше лишен од слобода во Турција, во градот Баликесир.

Обдукцијата за 14-годишната Вања Ѓорчевска е завршена но резултатите односно наодот уште не е целосно напишан и испратен до Обвинителството, бидејќи се чека на вештачења кои одземаат подолго време.

На 3 декември годинава, во околината на Скопје беше пронајдено безживотното тело на Ѓорчевска која беше пријавена за исчезната на 27 ноември, а во околината на Велес пронајдено беше и телото на Панче Жежовски од Велес кој беше пријавен за исчезнат на 27 ноември.

Во врска со двата случаи, осомничени се пет лица, од кои четворица се во притвор а Палевски е во Турција и чека да биде екстрадиран.

Претходно, во врска со кривичните дела беше пронајдено опожарено возило „цитроен“ и по извршени вештачења обезбедени беа материјални докази за инволвираност на лицата, за што по целосно документирање на случаите, во координација со Јавен обвинител поднесени беа кривични пријави.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде