Полициска акција во Свети Николе, приведени пет лица

– Полициски службеници од ОВР Свети Николе вчера ги привеле 38 годишниот Д.С.,35 годишниот Р.А. 31 годишниот Д.В и 28 годишниот Д.Т сите од Свети Николе и 23 годишниот А.П од село Горобинци, светиниколско.

Како што соопшти МВР, при контрола на патничко возило во кое се превезувале Д.С. и Р.А. кај Д.С. била пронајдена и одземена прашкаста материја која ја купил Д.В.

Подоцна со судска наредба ,полициските службеници извршиле претрес во домот на Д.Т каде ги затекнале Д.В и А.П при што била пронајдена и одземена прашкаста материја.

Запознаен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде