Страотна сообраќајка, младо момче со тешки повреди итно пренесено во болница

Ноќеска, во 1 часот по полноќ, во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Тетово – Волковија, во тетовски Челопек,

патничко моторно возило „фолксваген лупо“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот Д. Ј. од ова село, изгубило контрола и излетало од коловозот.

Во несреќата возачот Д. Ј. добил тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, каде што бил пренесен за укажување лекарска помош.

На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде