ТАЖНА ВЕСТ: Почина големиот македонски патриот и активист

“Во борбате ќе бидем пак со тебе,народе мој зашто си се сакавме”.

Со овие зборови од својот соборец Васил Стојчев се прости партијата на Македонците во Бугарија ОМО “Илинден” – Пирин.

,,На 13 декември 2023 се упокои нашиот соборец, Македонец патриот Васил Стојчев од град Сандански.

Учител на генерации Санданчани, долгогодишен активист и повеќе пати член на Централниот совет на ОМО Илинден ПИРИН, учесник во повеќе од историските настани во животот на Македонците во Бугарија.

Ќе ни недостасуваш – нема да те заборавиме!

Почивај во мир”, пишува во последниот поздрав до својот соборец ракводството на партијата ОМО Илинден Пирин.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде