Уште една несреќа на македонските патишта: Прегазен пешак, со тешки повреди пренесен во болница

Четириесет и двегодишник бил прегазен вчера на патото Јажинце-Тетово, при што се здобил со тешки повреди.

„На 13.12.2023 во 21.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Јажинце–Тетово, во с.Доброште,

патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Г.Б.(60) од с.Стримница, тетовско, удрило во С.Р.(42) од с.Доброште, тетовско.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Тетово.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде