Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, близок до поранешниот лидер на СДСМ, Зоран Заев,
ќе се кандидира за шеф на државата на Конвенцијата на СДСМ за избор на кандидат за претседател, објави Република.
Уште две имиња се вртат како најверојатни кандидати за претседател – актуелниот претседател Стево Пендаровски кој пред два дена и потврди дека размислува да влезе во трката за втор мандат,
како и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој засега одбива да одговори дали планира да се вклучи во претседателската трка.