Вонредно: Полицијата трага по 16-годишник од Струмица

На 13.12.2023 во 12.00 часот во Полициската станица Карпош, од Јавната установа за згрижување на деца било пријавено дека од

установата се оддалечил нивниот штитеник М.А.(16) од Струмица, кој и претходно се оддалечувал и бил враќан назад.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СЛИЧНА СОДРЖИНА

Две малолетнички од струшкото село Мислешево се пријавени дека се оддалечиле од дома, соопшти денеска СВР Охрид.

Случајот во полиција го пријавила синоќа мајката на една од малолетничките, чија ќерка и претходно го напуштала домот.

– Во ОВР Струга, синоќа во 23 часот, Љ.П.(43) од село Мороишта, струшко, пријавила дека од семејниот дом се оддалечиле нејзината ќерка Т.П.(14) и нејзината другарка А.С(15) од селото Ложани, струшко.

Малолетничките и претходно биле пријавувани дека се оддалечувале од домот и се враќале, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на девојчињата, кои и пред неполн месец биле пријавени за исчезнати, но по неколку дена сами се вратиле дома. Една од малолетничките при претходното заминување украла 2.000 евра од семејниот дом.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде