Перо Камиказа ги советува сите возачи: Да знаете сите кога ќе ве фатат на радар! Мораат да одбијат 6 км на час од моменталната прикажана брзина како можна грешка на радарот!

Фејсбук пост на Перо Камиказа:

Да знаете сите кога ќе ве фатат!Мораат да одбијат 6 км на час од моменталната прикажана брзина како можна грешка на радарот!!!!Ете со член и се по закон, јас утре ќе им поднесам тужба!!!Можете и вие!

Според „Правилникот за начинот и постапката за оцена на сообразност на тип на мерила на брзина на возилата во сообраќајот на патиштата“

заради можноста за грешки при мерењето како не би се ставило на товар на учесниците во сообраќајот поголема брзина којашто ја покажува радарот постои поим „безбедносна разлика“ која што за брзини до 100 km/h и 100 km/h изнесува 6 km/h.

При мерењето на брзината на движење со радарот од 82 km/h, полициските службеници во мојот случај биле должни според овој Правилник да одземат 6 km/h од она што пишувало на радарот и да утврдат брзина на движење од 76 km/h, а не 82 km/h.

Ова покажува дека истите не постапувале правилно и во согласност со регулативата која што биле должни да ја применат. Во таков случај, тие морале да напишат прекршочен платен налог според чл. 35 ст. 5 од ЗБСП, а не според чл. 35. ст. 4 од ЗБСП.

Разликата во чл. 35 ст. 4 и ст. 5 не е само во висината на казната туку и во изрекувањето на санкција „забрана за управување на моторно возило“ која што полициските службеници надвор од пропишаното ми ја ставиле на товар без доказ дека таа навистина изнесувала 82 km/h.

П.С. Поделете го постов да има повеќе луѓе што ќе се спасат!!!Во коментарите го има и цитирано законот во точност имењакот од групата Санаториум, Перо Стефановски!!!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде