Започнаа врнежите од снег – воведена забрана за тешки товарни возила на овој патен правец

На патниот правец крак Маврово – Дебар на сила е забрана за движење на тешки товарни возила, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија.

Забраните за сообраќај за тешки товарни возила на планинските премини Стража и Пресека се укинија во 04:40 часот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15 ноемиври започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2024 година.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде