Силен земјотрес вечерва ја стресе Турција

Земјотрес со јачина од четири степени според Рихтеровата скала вечерва ја погоди Турција, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC).

Земјотресот се случил на длабочина од 25 километри, додава EMSC.

Епицентарот на земјотресот бил на 144 километри јужно од градот Денизли,

кој има повеќе од 300.000 жители, а најблизок поголем град е Фетије со 60.000 жители.

Засега нема информации за евентуална материјална штета.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде