ВНИМАНИЕ: Голем одрон утрово на овој патен правец

Прекин на сообраќајот кај село Истибања, објави Делчево 365.

Како што може да се забележи на фотографијата која ја објави делчевскиот портал големи карпи се наоѓаат на патот Македонска Каменица – Кочани.

На терен се екипи на Македонија Пат.

Од АМСМ се уште нема информација.

ЗАБРАНИ ЗА ТТВ: Забрана за сообраќај на тешки товарни возила има на патните правци: Двориште – Струмица; Берово – Струмица и Крива Паланка – Деве Баир.

УКИНАТИ ЗАБРАНИ ЗА ТТВ: Од 05:00 ч. забраната за движење на ТМВ на патниот правец Гостивар – Стража е укината.

СОСТОЈБА НА ПАТИШТА: Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Слаби врнежи од снег има во Битола, Ресен, Кичево, Македонски Брод, Буково, Ѓавато, Прилеп, Охрид, Крушево и Пресека. Појаки врнежи од снег има на Попова Шапка, Плетвар и Берово.

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2023 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2024 година. Повеќе информации може да прочитате тука.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.Прекин на сообраќајот кај село Истибања. Како што може да се забележи на фотографијата која ни ја прати наша читателка големи карпи се наоѓаат на патот Македонска Каменица – Кочани. На терен се екипи на Македонија Пат.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде