Ана Брнабиќ од штабот на СНС ги објави првичните резултати од гласањето во Србија

Премиерката Ана Брнабиќ зборуваше од седиштето на СНС и тоа е прва конференција за медиумите по затворањето на гласачките места во Србија.

-Да ги повторам зборовите на Александар Вучиќ. Добредојдовте на прославата – ја започна таа конференцијата.

Да почнеме со тоа како започна денот, колку што можевме да слушнеме невистини, лажни вести, се со цел да се создаде атмосфера на паника и недоверба.

Се обидовме да објасниме за какви лаги станува збор – рече таа, наведувајќи го примерот со починат маж кој наводно гласал, за да дознаеме дека воопшто го нема во избирачкиот список.

Контролорите на СНС не можат да влијаат на овие работи, а опозицијата имаше 80 проценти набљудувачи, односно контролори на избирачките места – додаде таа.

Според 50 отсто обработени избирачки места, нашата листа има 47,1 отсто поддршка, 23 отсто има Србија против насилство, 6,7 отсто СПС…

Зборувајќи за Белград, таа рече:

Првите резултати допрва почнуваат да пристигнуваат за Белград и свесна сум дека опозицијата има план таму да прогласи победа, иако гласовите се уште не се преброени – рече Брнабиќ.

Претседателот на Србија и член на СНС, Александар Вучиќ, вечерва пристигна заедно со партиски функционери во седиштето на коалицијата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде