Доминација: Еве колку партијата на Вучиќ освои во Куманово

Според прелиминарните резултати листата „Србија не сме да стане“ предводена од претседателот на Србија, Александар Вучиќ освоила 95% од гласовите на гласачкото место во Куманово, каде гласа српската дијаспора.

Сличен резултат оваа листа постигнала и во Босна и Хецеговина, додека во гласачкото место во Вашингтон, САД, листата на Вучиќ освоила 56,74% д гласовите а втора е опцијата „Србија против насилство“.

Премиерка Ана Брнабиќ во седиштето на партијата во своето обраќање пред малку изјави дека од 50 отсто обработени ливчиња имаат освоено 47,1 отсто и

дека само нивната листа ќе има повеќе од 125 пратенички мандати, додека листата „Србија против насилство“ има околу 23 проценти од гласовите.

За новинарите во изборниот штаб на СНС, претседателот Александар Вучиќ во кратко обраќање рече дека нема да може да каже ништо за Белград, бидејќи во Белград не е преброено ниту едно гласачко ливче.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде