Голема трагедија утрово ја потресе Македонија: Почина познатиот новинар

Денеска по кратко боледување замина еден од доајените на македонското новинарство Предраг Димитровски, објави Пресинг Тв.

Димитровски  е новинар со над 30 годино искуство,беше главен уредник во весникот Вечер од 2005-2006 година а потоа работеше и во Дневник.

Беше и во Лустрациската комисија  и одговорен за односи со јавност.  Последните години од работниот век ги помина во „Република“ и „Пресинг ТВ“ каде специјалност му беа теми позврзани со односите со Бугарија. 

Неговите колумни предизвикуваа големо влијание и беа меѓу најчитаните.Ќе ја паметиме неговата посветеност кон работата, неговата принципиелност, лојалност.

Посветуваше внимание на секоја буква во негоават реченица, го одмеруваше секој напишан збор, внимаваше на најситниот детаљ. Го нарекувавме жива енциклопедија. Во глава ги имаше сите информации, сите датуми, сите податоци од поблиската и подалечна историја.

Пепи беше колега со кој беше задоволство да се работи. Смирен, умерен, колегијален. Никогаш не се наметнуваше, иако со себе носеше години и години искуство и знаење, објавија од Пресинг Тв.

Почивај во мир Предраг.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде