ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА УТРОВО ГО РАЗБУДИ СВЕТОТ: Се удавија најмалку 61 лице во бродолом кај Либија

Најмалку 61 мигрант, меѓу кои и жени и деца, се удавија во бродолом крај Либија, соопшти Меѓународната организација за миграција (ИОМ).

ИОМ на платформата Х соопшти дека, според изјави на преживеаните, на бродот имало  86 лица и дека тој тргнал од либискиот град Звар, пренесуваат британските медиуми.

Во последниве години, Либија е централната транзитна точка на мигрантите од нивниот пат од Африка и Блискиот Исток за Европа,

во обидот преку Медитеранот во чамци и бродови да стигнат до италијанскиот брег.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде