Пронајдено 15-годишното девојче од Велес по кое се трагаше
Полициски службеници од ЕВР Гази Баба – отсек потраги, вчера во 14 часот, ја пронашле А.Д., на возраст од 15 години,
од Велес, за која на 15 декември, било пријавено дека се оддалечила од СОС – Детско село.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, девојчето било предадено во установата.