Славчо Попоски објави: На ова место измерени се 70 сантиметри снег!

Врнежите од снег во Македонија престанаа.

Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно и студено, а преку денот сончево. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -1, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.

Во Скопје, наутро ќе биде променливо облачно, а преку ден сончево со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 4 степени.

За следните денови, синоптичарите најавуваат стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст, освен по одделни котлини каде ќе има појава на магла.

Славчо Попоски утрово објави дека највисока снежна покривка е измерена во Кавадаречко Михајлово.

Највисока снежна покривка има во Кавадаречко Михајлово – Дури 70 сантиметри!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде