Трудницата Александра Иванов починала со неподносливи болки и крварење – докторката доби отказ од работа – детали за трагедијата која ја потресе Романија

Раководството на болницата во Ботошани, каде што почина младата трудница Александра Иванов, донесе одлука да ја отпушти лекарката Маријана Питроп,

која кобната ноќ била дежурна кога Александра дошла во болница поради неподносливи болки и крварење.

Одлуката за престанок на работниот однос е донесена по барање на дисциплинската комисија, а откако било констатирано дека лекарката не ги исполнила медицинските обврски, пишува Аџерпрес.

„Пред два месеца дисциплинската комисија почна истрага за смртта на Александра Иванов, во текот на истрагата беше сослушан медицинскиот персонал кој беше на смена на 18.08.2023 година,

а согласно извештајот на комисијата овде зборуваме за активностите на медицинскиот персонал, поточно три лица – медицинска сестра, техничар и дежурен лекар.

Што се однесува до техничарот, нема да се преземат никакви санкции, платата на медицинската сестра ќе и се намалува за период од три месеци, а за дежурниот лекар дисциплинската комисија дала предлог за раскинување на договорот за вработување“, велат од болницата.

Против лекарот е покрената истрага и за убиство од небрежност, а се чекаат понатамошни дејствија на обвинителството и другите надлежни органи. Да потсетиме, Александра која беше во 13-та недела од бременоста, беше примена на ГАК Ботошани на 17 август во вечерните часови поради силни болки во стомакот и крварење. При приемот беше откриено дека нејзиниот крвен притисок е висок, дека е анемична и дека бебето повеќе нема чукање на срцето.

По полноќ и ставиле инфузија и и дале седатив, а никој не одговарал на нејзините повици до докторот кој ја води бременоста и до дежурниот лекар веднаш да направи киретажа бидејќи не можела повеќе да ја поднесе болката.

Утрото на 18 август, нешто по 7 часот, била пронајдена без знаци на живот, а од носот и устата и капела крв. И покрај реанимацијата, смртта била констатирана во 08:20 часот.

Обдукцијата покажала дека таа починала од белодробна емболија и срцев удар поради инфекција предизвикана од смртта на плодот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде