Јоци: Просто не можев да се изначудам од каде тој гнев, бес, пизма и простаклук кон Ламбе

Откако #Ламбе #Алабакоски пиша статус за заминување од Македонија, веројатно во момент на некоја слабост или разочараност [потоа го избришал], претажно беше да се чита народов, тука и од дијаспора, како најдолно го навредуваат и бришат под со него под разни линкови или на свои профили.

Му се истурија на човеков, ко мислиш мајка им убил.

А, до завчера им беше – ЛАМБЕ ВОЈВОДА, кога фрли ,,молотов” и го запали клубот ,,Ванчо Михајлов”. Просто не можев да се изначудам од каде тој гнев, бес, пизма и простаклук кон младичов.

Ниту го знаат лично, не им сторил ништо, ниту треба некој да му се меша во одлуките доколку утре реши да си летне пак за Америка.

Туку, ваков бес народов да носеше кон секоја власт, која го соголи и му ги продаде дури и гаќите до 10-то поколение, можеби сега ќе бевме Швајцарија.

Кога ќе си најдат мјуда од ѓуле за да направат она што направи Ламбе и ни ја спаси честа како народ, познат по молчење и страв, тогаш нека се вклучат јадните во ,,програма” да кажуваат кој, што, каков е и што требало да прави.

Срам и арам нек им е!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде