Од 8.30 часот се укинува забраната за тешки моторни возила на патниот правец Маврово – Маврови Анови, соопшти АМСМ.
Забрана за движење на тешки товарни возила има на патниот правец Струмица – Берово.
Патниот правец Истебањи-Македонска Каменица е расчистен и сообраќајот се одвива нормално по двете коловозни ленти.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.