Во саботата околу 17 часот избувнал пожар во куќа во Аризона, во близина на границата со Невада, при што загинале пет деца.
Кога пламенот ја зафатил зградата во градот Булхед, децата биле сами дома и не можеле да избегаат.
Полицијата не ги објавила имињата на жртвите, само нивната возраст.
Починале деца на возраст од 2, 4, 5, 11 и 13 години. Четворица биле браќа и сестри, додека петтото дете било роднина на семејството.
Причината за пожарот засега е непозната, изјави Емили Фромелт, портпаролка на полициската управа на градот Булхед, а пренесува Дејли Мејл.