Лога му врати на Апасиев: Наместо да се гордее дека е Македонец, тој се задоволува што му пишува македонско/граѓанин на РСМ

Денеска Уставниот суд на седница одлучи да поведе постапка за делови од три члена од Законот за матична евиденција во кои е содржан зборот  „националност” во изводите за родени, венчани и умрени.

На ова реагираше и лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

„Уставниот суд ја прифатил Иницијативата на Левица против ЕТНИЧКА ПРИПАДНОСТ во изводите.

Алелуја, еднаш да пресудат против етно-трибализмот кој ни ја разјадува Републиката! p.s. Кренар Лога на апарати! #ДолуТрибализмот #ДолуАнтимакедонизмот“, напиша Апасиев.

Со реакција врати и министерот за правда, Кренар Лога.

Лога порача дека Апасиев наместо да се гордее дека е Македонец, тој се задоволува што во лична карта му пишува македонско/граѓанин на РСМ.

Наместо да се гордее дека е македонец, тој се задоволува што во лична карта му пишува македонско/граѓанин на РСМ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде