Новиот пакет мерки отвара можност за зголемување на платите во приватниот сектор – од 3.000 до 6.000 денари

Преку новиот, 9-ти пакет антикризни мерки, вреден 662 милиони евра, обезбедена е и финансиска поддршка за субвенционирање на придонесите на нови и постојни вработени, за зголемување на платите на работниците од 3.000 – 9.000 денари.

Мерката значи ослободување од придонеси за плати за рабодавачите.

Се отвара можност да се зголемат платите на работниците во приватниот сектор од 3.000 до 9.000 денари.

Според мерката, работодавачот ќе плаќа само персонален данок, а има целосно ослободување од придонесите за пензиско и здравствено осигурување за делот на зголемувањето на платата.

Оваа мерка можат да ја користат вработени кои примиле плата во висина до 1,5 просечни плати во последните три месеци.

Периодот за којшто ќе важи оваа мерка е до 12 месеци и започнува да важи од почеток на наредната 2024 година.

Новиот деветти пакет антикризни мерки во вредност од 662 милиони евра, што го утврди Владата на Република Северна Македонија, содржи 26 мерки со кои се таргетирани поддршка за ранливите категории на граѓани и компании како и поддршка во услови на зголемени трошоци на живот и продолжени ефекти од енергетската криза.

Со овие мерки се опфатени 120.000 млади лица, над 74.000 социјално ранливи категории на граѓани, над 187.000 пензионери, 40.000 земјоделци, речиси 540.000 корисници на апликацијата мој ДДВ, 600.000 домаќинства и над 70.000 компании.

Пакетот содржи и системски мерки со кои за 2023 и 2024 година се опфатени над 338.000 пензионери и 106.000 вработени во јавен сектор.

Извор: BiznisPRO.com

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде