Драгана Мирковиќ и нејзиното семејство денеска минуваат низ еден од најтажните денови бидејќи во текот на ноќта почина мајката на Тони, Марта.
Австрискиот бизнисмен на социјалните мрежи ја сподели тажната вест со натпис:
„Почивај во мир мамо“.
Подетални информации не се познати бидејќи никој од семејството не се огласил, па датумот и местото на погребот ќе бидат објавени подоцна.
Овој немил настан се случи во време кога Драгана беше целосно посветена на подготовките за закажаните концерти во Старк Арена.