Припадник на полициските специјалци на МВР вперил пиштол кон бремена жена, со што предизвикал физичка пресметка во која има и повредени, во кафеана во скопската населба Белимбегово, изминатата ноќ.
Како што дознава „Нетпрес“ од извори во МВР, полициски службеник, припадник на специјалната единица „Тигар“, во угостителски објект вперил пиштол кон бремена жена и кон нејзина пријателка – кумашинка.
Неофицијално, извесен Иван М. е припадникот на полициските специјалци, кој го вперил пиштолот во бремената жена.
На ова реагирал сопругот по што настанал инцидент, а според полицискиот извештај до кој дојде НетПрес, имало и неколку повредени лица.
Заедно со нив во кафеаната бил присутен и извесен Кире К. полицаец од полициската станица во Драчево и токму тој ги препознал Иван М. и другите лица со него, дека се припадници на единицата „Тигар“, кои исто така учествувале во инцидентот.
Целиот текст на Нетпрес прочитајте го ТУКА