Објавена најновата анкета: Расте рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ

Декемвриската анкета на МКД.мк која ја спроведе агенцијата Маркет вижн во споредба со претходните покажува дека расте бројот на граѓаните кои би излегле да гласаат на наредните избори.

И оваа анкета го потврди трендот на раст на популарноста на ВМРО-ДПМНЕ и на нејзиниот лидер Христијан Мицкоски и падот на владеачката СДСМ.

Меѓу испитаниците почна да се појавува и новата политичка партија ЗНАМ и нејзиниот претседател Максим Димитриевски.

На прашањето „Во кој лидер на политичка партија имате најголема доверба“, 12,95 отсто од испитаниците го посочија името на Христијан Мицкоски,

лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. 6,65 отсто од нив го избраа Али Ахмети, лидерот на ДУИ, во актуелниот премиер и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски доверба имаат само 4,25 отсто од гласачите, во Димитар Апасиев, првиот човек на Левица 3,5 %…

Кај лидерите, според анкетите на МКД.мк во февруари, јуни, септември и декември, воочлив е растот на популарноста на Мицкоски (од 11 на 13%), падот на Ковачевски (од 8,2 на 4,3 отсто) и на Апасиев (од 4 на 3,5%), и стабилноста во популарноста на Али Ахмети околу 6 отсто.

За тоа во која партија се убедени граѓаните дека ќе победи на наредните избори, 16,35 отсто од испитаниците сметаат дека е тоа ВМРО-ДПМНЕ, 5,95 отсто од ипитаниците се убедени во победата на ДУИ, а за СДСМ се определиле 5,65 отсто.

Трендот на партиите од оние испитаници кои се изјасниле дека ќе гласаат, во споредба со претходните анкети на МКД.мк, покажува голем раст на определеноста на гласачите за ВМРО-ДПМНЕ – од 21,8 отсто во февруари 2023 до 26,7% во декември. Кај СДСМ опаѓа популарноста кај испитаниците кои се определиле – од 12,4 % во февруари до 9,2 % во декември.

ЦЕЛАТА АНКЕТА ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА НА МКД.МК

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде