СТРАОТНИ СЦЕНИ ОД МЕСТОТО НА НЕСРЕЌАTA: Пет лица се повредени од кои едно потешко во автобуска несреќа кај селото Катун

Пет лица се примени во Универзитетскиот клинички центар во Ниш, откако синоќа автобус излетал од автопатот Белград-Ниш.

Едно од лицата се здобило со многу тешки повреди опасни по живот, информираат од болницата.

Како што е наведено, се работи за 20-годишна девојка која има повреда на градниот кош, двете потколеници, двете стопала, левата бутна коска и повреди на главата.

Синоќа околу 23 часот автобусот излетал од патот кај селото Катун.

За сообраќајната несреќа е известено обвинителството. Сообраќајот на тој дел од автопатот е нормализиран.

Причините за несреќата засега не се познати.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде