Засилено полициско присуство е видливо деновиве на најфреквентните делови во Скопје, објави Инфомакс.
Полициски патроли и возила има кај кафеаните во Дебар маало, на плоштадот Македонија,
околу трговските центри, но и во нив, што се гледа и од фотографиите што ги направивме.
Од полицијата за Инфомакс велат дека овие патроли се распоредени превентивно во пресрет на празниците, кога сите одат во шопинг,
но и се одржуваат предновогодишните прослави, за да се спречат кражби, тепачки или други инциденти.