Глумецот Сашо Тасевски, е познат по тоа што јасвно сака да критикува. Тој често споделува статуси на својот фејсбук-профил и сака да го истакне своето јавно мислење како за политички, но и за општесвени теми.
Не ретко тој ќе напише и по некоја ситуација што му се случила во секојдневието . Случката ќе ја сподели со своите пријатели на социјалните мрежи со цел да испрати порака.
Овој пат тоа што му се случило не е ни малку пријатно.
Тасевски раскажува како случајно наишол на некоја мајка која го тегнела детето, па очигледно тоа му привлекло внимание да забележи што се случува.
Детето барало да отсуствува од час по тенис, но мајката инсистирала нејзиниот син да стане Ноле.
Во продолжение еве што се случило:
Малку го влече детево. Детето кочи, се трга: Мамо ма нејќам денес на тенис!
Мораш, гледаш Ноле, еден тренинг нема пропуштено!
Сакаш да бидеш како Ноле, така?
Малиов стар околу седум осум години, вреска…
Не додржав…
И реков: Немојте на сила ако нејќе, контра ефект му правите, тој и онака не го сака тој спорт, вака уште ќе го замрази.
Ме погледна, ме позна, таков презир и гадење во нејзиниот поглед немам доживеано, ко да сум и убил цело семејство, а не се знаеме лично: Бегај бе лузер еден!
Може сум и лузер, ама, штета за малиот таа што му е мајка. Или ќе стане едиповец врзан за неа или ќе тргне по лош пат. Ко Ноле нема да биде стопосто.