Драма во Белград: Потона сплавот Картел, полицијата спасуваше луѓе (ВИДЕО)

Познатиот сплав Картел во Нов Белград потона ноќта меѓу саботата и неделата, нешто по полноќ, во време кога на него имало голем број млади луѓе кои дошле да го гледаат концертот на сараевскиот рапер Цунами, пишуваат српските медиуми.

На полицијата по дојавата и биле потребни седум минути за да стигне до сплавот „Картел“, а на терен биле сите расположливи спасувачки единици на МВР на Србија, како и екипи за итни случаи.

Како што информираат од белградскиот МУП, на терен биле 25 пожарникари и спасувачи со шест возила и специјалистичка екипа за спасување и водоводна работа.

Пристигнувајќи на местото на несреќата констатирале дека сплавот „Картел“ тоне и евакуирале 30 лица кои се нашле на дел од понтонот и на самиот сплав. До утрото не можеа да потврдат дали има жртви.

Една девојките за „Блиц“ изјавила дека настанало вистинско стампедо кога сплавот „Картел“ почнал да тоне.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде