Драма во скопско: На сила го внеле во автомобил и го натепале поради долгови

Маж бил физички нападнат поради долгови.

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 18.20 часот во СВР Скопје 19-годишник од селото Горна Матка-скопско пријавил дека на 18 декември околу 18 часот во селото Кондово,

додека бил заедно со Ј.И. дошле Б.Н. и И.Н. и физички го нападнале Ј.И., а потоа пријавителот насилно го внеле во нивното возило и физички го нападнале, по што успеал да излезе од возилото.

„Според пријавеното, причина било претходно нерасчистени должничко- доверителски односи“, објави МВР во дневниот билтен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде