Хаос во Белград: Полицијата и демонстрантите се судрија

Расте тензијата во Белград. Претставници на опозицијата и граѓани еден час се пред градското собрание на Белград.

Не се откажуваат и покрај големото полициско обезбедување да влезат во Собранието за, како што велат, да ја одбранат демократијата волјата на народот: Власта, велат, ги украде изборите.

Полицијата која го блокира влезот не дозволува народот да влезе внатре, а фрла и солзавец врз насобраните граѓани.

Како што објави nova.rs ред градското собрание беа запалени факели, додека лидерите на опозицијата се уште се обидуваат да влезат внатре.

Во вонредно обраќање вечерва, претседателот Александар Вучиќ за протестот на опозицијата рече дека nасобраните 2.490 луѓе, покажаа дека насилството е политичка порака.

Српскиот претседател Александар Вучиќ се обрати до јавноста откако граѓаните и опозицијата се собраа пред собранието на град Белград. Коментирајќи ги сцените пред градскиот парламент, тој рече дека не е во тек револуција и дека вечерва, како што вели, на средбата се собрале 2.490 луѓе.

– Во моментов има околу 1.195 луѓе. Во исто време сакам да ви кажам дека некои го покажаа своето лице. Со денови укажувавме на тоа и со денови кажувавме дека се подготвуваат за тоа. Со денови го предупредувавме странскиот фактор за тоа што се случува и многумина се правеа наивни и не сакаа да слушнат што се случува.

Благодарам на тие странски служби кои ни ја дадоа таа информација – изјави Вучиќ додавајќи дека токму припадниците на движењето „Србија против насилството“ докажале дека се силеџии со денешниот чин.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде