„Има многу крв и стакло“: Млад мотоциклист загина во судар со автомобил – Страотна сообраќајна несреќа доцна синоќа во Загреб

Мотоциклист загина во судир синоќа околу 22 часот и 50 минути западно од Загреб, пренесува хрватскиот портал 24sata.hr

Мотоциклист загина во судар со автомобил на загрепска Илица во близина на куќата број 303, синоќа околу 22.50 часот.

Има многу крв и стакло на патот, ужас. Мотоциклот бил украсен со новогодишни украси.

Десната страна на автомобилот била смачкана. Полицијата го регулира сообраќајот – изјави очевидец.

Повеќе детали за несреќата се најавени за денеска.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде