Најмалку 16 лица загинаа, меѓу кои и неколку деца, а повеќе од 26 се повредени при превртување на автобус на автопат северно од главниот град, изјави потпретседателката на Никарагва, Росарио Муриљо.
Несреќата се случила во близина на Ранчо Гранде, град во департманот Матагалпа, северно од Манагва.
„Девет од 16-те жртви се идентификувани досега“, изјави Муриљо, сопруга на левичарскиот претседател на Никарагва, Даниел Ортега.
Таа додаде дека возачот изгубил контрола над возилото во кое имало околу 70 луѓе, по што се превртело на мостот.
Акцијата за спасување на патниците е во тек.
Фото: Илустрација