Крива Паланка е запоседната од насилниците и криминалците на Николовски и Спасовски, објави на Фејсбук пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
-Пред кафе барот Селект во Крива Паланка, кој е во сопственост на градоначалникот Сашко Митовски,
околу 1 часот по полноќ се случила масовна тепачка, во која десетина лица се здобиле со тешки телесни повреди и се хоспитализирани.
Тепачката ја предизвикал и во неа учествувал и братот на градоначалникот.
Инаку, градоначалникот Сашко Митовски во јануари годинава физички нападна полицаец, за што сѐ уште нема одговорност, истакна Петрушевски.
Претпоставувате дека Спасовски ќе се обиде да го забошоти и овој случај, нели? Праша пратеникот Петрушевски.