Полицијата уапси маж, се заканувал на синот дека ќе го убие него и целото семејство

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против едно лице за кривичното дело – загрозување на сигурноста.

Станува збор з a татко кој ја загрозил сигурноста на сопствениот син со тоа што му се заканувал дека ќе го убие него и целото негово семејство.

„Синот, кој инаку живеел во Швајцарија, се вратил во велешко село заедно со семејството.

Меѓутоа, таткото му забележал затоа што тој и неговиот брат ја примиле да живее во странство мајката, која се пожалила дека трпи насилство во домот.

Жената во моментов била кај другиот син во Данска, а осомничениот со закани по живот инсистирал да ја вратат дома“,соопшти Обвинителството.

Осомничениот е во 8 дневен притвор.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде