Фејсбук пост на актерот Сашо Тасевски:
Никогаш не сум пишал лошо за неа. Ама пази, некој или партија те става градоначалник на главен град. Те вади од анонимност.
Ти дава политичка тежина. Ти дава шанса да станеш и милионер..
Оти ми рекле, ако си градоначалник на град или голема општина а не станеш милонер или си чесен до ретардираност или си глуп. Кај нас првиве се ретки. Речиси ги нема во политиката.
И сега тој некој те става градоначалник и ти не само што му вртиш грб штом си станал тоа, туку и не престануваш да плукаш по него, додека си тераш на функцијата.
Тоа е неблагодарност што не можам да ја разберам.
Фукни оставка па плукај ги јавно ако не ти чинат тие или тој што те поставиле.
Ама вака, ем си терам како градоначалник, со фикс идеја дека сум голем градоначалник, ем паламудам се најлошо против оние кои ми ја дале таа шанса.
Башка резултати нула, Скопје умрено, дива градба, просељачено ала ала, ама ај да оставиме тоа. Зашто за Скопје веќе нема спас. За неблагодарноста беше муабетот.