Силниот ветер корнеше дрвја, водата предизвика хаос на патиштата и железниците, голем број луѓе се заробени: Силно невреме во Германија

Силната бура Золтан ја погодува Германија, a силните налети на ветерот создадоа хаос низ земјата.

Најмногу настрада железничкиот сообраќај. Ураганските ветрови предизвикаа паѓање на дрвја на железничките пруги и на патиштата, а бројни божиќни пазари низ земјата останаа затворени.

Беа откажани и фериботите, а некои мостови беа затворени.

Повеќе од 2.000 луѓе останаа заробени на Централната станица во Фулда бидејќи возовите повеќе не сообраќаат. Многу патници се снаоѓаа сами за да стигнат до својата дестинација.

Во повеќе градови паднатите дрвја уништиле возила, а има и повредени лица.

Германската метеоролошка служба (DWD) издаде предупредување за сериозно невреме, а во некои области се очекуваат ветрови со силина на ураган.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде