Трајкоска за загадувањето во Скопје: Скопјаништа едноставно – НЕ ДИШЕТЕ и земајте почесто од дрогата на град Скопје, ќе гледате зелено

Фејсбук реакција на новинарката и активистка Жанета Трајкоска:

Ете, сега и маглата се спушти, се измеша со невидливиот за вработените во Град Скопје отровен воздух и таман, сега никој не може да ја види ни елката на плоштад – решен проблем!

Баш ме интересира, оние што пишуваат такви очајни соопштенија за јавност, каде тврдат дека отровот што го дишеме не е отров, туку свеж развигорец, дали имаат малку срам кога одат дома?

Веројатно дел од нив имаат деца што се гушат, родители што тешко дишат, имаат пријатели… мора да е гадно да пишуваш глупости и после да одиш дома и да си го видиш детето како ти кашла.

Сакав да го прашам град Скопје и градоначалничката ни Данела дали навистина за ова китење потрошивте 30.000 евра?

За елката или две на плоштад? Па можевте од кинески пазар поарни да купите. Јад, чемер, омраза, нечистотија, фрустрација, лаги и отров – по тоа ќе биде запамтена оваа градска локална власт.

И навистина по толку омраза и плукање по граѓаните дали навистина некој се надева дека ќе гласа за ДАНЕЛА, на следни избори и дека ќе „матела вода“ па добивала наводно и странска поддршка?!

Па нема посмешно од тоа. Тие од дома нема да ја гласаат.

Скопјаништа едноставно – НЕ ДИШЕТЕ и земајте почесто од дрогата на град Скопје, ќе гледате зелено.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде