Еден маж е убиен, а неколку лица се повредени во пукање во трговски центар на Флорида. Напаѓачот го фрлил оружјето и побегнал, јави полицијата во југоисточната американска држава.
Тој бил застрелан повеќе пати.
Трговскиот центар се наоѓа во градот Окала, Централна Флорида, на околу 130 километри северозападно од Орландо.
Засега не се познати повеќе детали.