Според последните анализи со кој располагаме, целиот Балкански Полуостров на самиот почеток од новата 2024 година треба да биде зафатен од
голем продор од поларниот вртлог од север и интензивни врнежи од снег, но и со многу ниски температури на воздухот, објави Славчо Попоски во својата најнова метео анализа.
Според оваа метеоролошка карта, од овој студен воздух ќе биде зафатена и Македонија.
Сепак се работи за сеуште неофицијална најава и прогноза, состојбата будно ќе ја следиме и ќе информираме, додаде Попоски.
Но едно е сигурно, а тоа е како што напоменавме во нашите сезонски анализи за оваа зима, истата во јануари и во февруари и
тоа како ќе ја покаже вистинската сила, со можно продолжување на зимата во март и во април.