Телеметриската сеизмолошка мрежа денес во 03 часот и 26 минути, регистрираше земјотрес чиj епицентар се наоѓа во Република Косово,
на 20 километри северо-западно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда од 2.3 степени.
Според досегашните податоци со кои располага македонската опсерваторија, земјотресот е почувствуван од населението во околината на градот Скопје,
со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Да потсетиме, земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во 6 часот и 25 минути во реонот на градот Варварин, на 6 километри североисточно, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод.
Теоретскиот интензитет во епицентарот е проценет на IV степен од Меркалиевата скала.
Земјотресите со ваков интензитет не можат да предизвикаат штети на објекти во епицентралното подрачје, е наведено на веб-страницата на Републичкиот сеизмолошки завод.