Земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во 6 часот и 25 минути во реонот на градот Варварин,
на 6 километри североисточно, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод.
Теоретскиот интензитет во епицентарот е проценет на IV степен од Меркалиевата скала.
Земјотресите со ваков интензитет не можат да предизвикаат штети на објекти во епицентралното подрачје,
е наведено на веб-страницата на Републичкиот сеизмолошки завод.