Максим Димитриевски: На следните избори СДСМ ќе изгуби, ВМРО нема да победи

На следните избори СДСМ ќе изгуби, ВМРО нема да победи, вели кумановскиот градоначалник и лидерот на политички субјект ЗНАМ, Максим Димитриевски. 

Рече дека на претстојните претседателски и парламентарни избори единствената коалиција којашто ќе ја направат ќе биде коалиција со граѓаните.

„Што ќе се случи на следните избори? Нешто што претходно се случи во Куманово. Во Куманово СДСМ ги изгуби изборите, а ВМРО-ДПМНЕ не победи.

Зошто? Затоа што се роди една нова, граѓанска иницијатива и по тој пример ние всушност ќе се водиме и на следните претседателски и парламентарни избори”, истакнува Димитриевски за Тв 24. 

Новиот политички субјект Движење ЗНАМ – За наша Македонија денеска и официјално е регистриран со потпис за упис во Централен регистар.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде