Овие граѓани добиваат 10.000 денари плус на своите сметки!

СДСМ се грижи за социјално ранливите сограѓани и со дополнителна финансиска поддршка како дел од 9-ти пакет на антикризни мерки.

Во услови на продолжени ефекти од енергетската криза и зголемени трошоци помагаме повеќе за надминување на потешкотиите, истакна Санела Шкријељ, пратеничка на СДСМ.

Како што додаде по 2.000 денари месечно во наредните 5 месеци добиваат над 16.000 наши социјално ранливи граѓани.

„Финансиска поддршка по 2.000 денари во наредните 5 месеци добиваат корисниците на правото на надомест заради попреченост, посебен додаток, самохрани родители приматели на Гарантиран минимален приход.

Тоа се вкупно 10.000 денари поддршка за наредните 5 месеци.

За оваа финансиска поддршка нема потреба граѓаните да аплицираат, ќе ја добијат директно на сметките.

За ученици од семејства со месечни примања до 50.000 денари исто така обезбедивме финансиска поддршка.

По 1.800 денари месечно во наредните 6 месеци добиваат учениците од средно училиште или вкупно тоа се 10.800 денари по ученик“, одполни таа.

Потсети дека учениците од основното образование, добиваат по 1.200 денари месечно до крајот на школската година или вкупно тоа се 7.200 денари.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде