Тажна вест: Почина познатиот македонски професор

На 73-годишна возраст почина Мирослав Бошковиќ (1950-2023), поранешен атлетичар и професор по историја во пензија.

Како атлетски судија, Бошковиќ почнал да се занимава уште додека бил атлетичар. Своевремено беше активен атлетичар на Вардар, настапуваше и за репрезентацијата на Македонија, а потоа продолжи како судија.

Тој е најголем хроничар на македонската атлетика, евидентичар на резултатите и на рекордите, а секојдневно пишуваше и ги афирмираше другите атлетичари.

За Бошкович изрази сочувство спортскиот новинар Зоран Михајлов кој вели дека со неговото заминување македонската атлетика губи огромен ентузијаст и човечка легенда во спортот.

„Со голема тага ги пишувам овие редови и не можам да поверувам дека веќе го нема меѓу нас Миро. Замина нечујно, впрочем онака како што живееше, скромно и достоинствено. Професорот како поранешен атлетичар имаше со што да се пофали. Но,тој со оглед на тоа што беше најголем хроничар на македонската атлетика и ги имаше сите резултати на дланка, повеќе пишуваше и ги афирмираше другите атлетичари.

Миро беше и врвен меѓународен судија, а имаше чест да биде меѓу арбитрите и на Универзијадата во Загреб. Со неговото заминување од животната сцена македонската атлетика ќе биде осиромашена за еден голем ентузијаст и пред се чесен и доблестен човек. Овие мигови се најтешки за неговото семејство, но ако ова може да биде некаква утеха за нив, можам да кажам дека треба да им бидат горди што живееја со една таква човечка величина. Бог да го прости, сочувство до најблиските“, напиша Михајлов.

Бошковиќ беше и врвен меѓународен судија а имаше чест да биде и меѓу арбитрите и на Универзијатада во Загреб. Бошковиќ е роден во Велес. Бил учесник во АК ВАрдар и во репрезентацијата на Македонија, Освоил трето место екипно со Вардар на првенство на Југославија во крос во 1971 година, во Аранѓеловац и бил член на повеќе комисии во Атлетска федерација на Македонија.

Денеска голем број пријатели, колеги, планинари и атлетичари го испратија Бошковиќ кон вечниот дом во капелата на градските гробишта во Бутел.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде