Почина родилка од Делчево на КАРИЛ во Скопје, која била донесена на клиниката во тешка состојба по масивно крварење во стомачната празнина.
Родилката прво била донесена во болницата во Штип, а лекарите поради итноста на случајот веднаш ја имаат внесено во сала,
каде што го извршиле породувањето, но настапило масивно крвавење кај родилката,
по што веднаш и е извршена интервенција. Мајката и новороденчето веднаш се транспортирани во Клиничкиот центар во Скопје.
Според информации на Канал 5, 27- годишната жена починала на КАРИЛ во Скопје.