Министерот Спасовски со прва изјава за двојното убиство во Челопек

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во изјава за медиумите истакна дека двојното убиство што попладнево се случи во Челопек се сомнева дека е мотивирано од нерасчистени имотни прашања во семејство.

Спасовски вели дека се работи на целосно расчистување на случајот

„Колегите во моментов работат на расветлување на овој настан.

Станува збор за нерешени имотни прашања во едно семејство.

Ова е прва информација што ми ја испратија колегите од теренот.

Очекуваме наскоро да заврши целиот процес и да имаме детали за настанот“, вели Спасовски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде