Славчо Попоски објави: Еве какво време ќе имаме на новогодишната ноќ

До самиот крај на оваа 2023 година во Македонија продолжува периодот на стабилно, суво и на претежно сончево време со сосема слаб ветер. 

По одделни котлини и речни долини, особено Долж Повардарието и понатаму ќе биде магливо, повремено маглата ќе биде  и густа и таму ќе биде постудено. И Скопската котлина ќе биде под магла  и под ниска облачност.

По котлините, особено оние Долж Повардарието воздухот ќе биде многу загаден, вклучувајќи ја и Скопската котлина.

Слично време ќе имаме и за време на новогодишната ноќ, но и на првиот ден од новата 2024 година, односта стабилно, суво и сончево, но магливо по котлините и со ниска облачност.

Наутро температурите на повеќе места ќе се спуштаат до околу нулата, а само понекаде за неколку степени под нулата, што значи нема да биде многу студено.

Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени, што значи ќе бидат натпросечно високи. 

Понекаде во најтоплите предели од државава тие можно е да се искачат дури и над 15 степени, што беше случај и изминатите денови.

Снегот ќе го чекаме во новата 2024 степени.

Извор: Метео аларм/ Славчо Попоски

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде