Стигна потврда од власта: Еве колку ќе изнесува минималната плата во март

Mинималната плата од март ќе изнесува 22.500 денари, а просечната ќе порасне на 39.500 денари, најави министерот за економија, Крешник Бектеши, на својот Фејсбук профил.

Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, повикувајќи се на официјалните пресметки изјави дека минималната плата може да достигне и 23.000 денари.

„Од март 2024 година, нема да има плата помала од 22.500 денари“, напиша Бектеши.

Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, пак, деновиве изјави дека пресметките покажуваат дека висината на минималната плата треба да се движи меѓу 22.500 и 23.000 денари.

– Од 22.500 до 23.000 ќе биде минималната плата од март 2024 година.

Ако земеме колку беше во 2022 година, а колку е сега, имаме над 7.000, речиси 8.000 денари покачување за година и пол на минималната плата – изјави Тренчевска

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде